Ужас во Велес, три деца изгореа во пожар!

20.06.2018 | 19:21
Прочитано: 44262

Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Според сознанијата на ТВ 24, во пожар кој избил нешто пред 17 часот изгореа три дечиња на една, две и петгодишна возраст. Екипа на ТВ24 е на лице место и ќе се јави во живо, во вестите во 20 часот.

Според првичните информации, куќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес. Куќата е дива градба, најверојатно се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште било околу 2 години.

Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот.

Полицијата е на терен.

 

 

 


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.