Утре втора среќа за потпретседателите на Собранието

19.02.2018 | 21:00
Прочитано: 1162

Втора среќа за Фросина Ременски,Горан Мисовски и Весел Мемеди да бидат изглaсани за потпретседатели на Собранието. Точката за избор на заменици на претседателот Талат Џафери е прва на дневен ред на утрешната нова седница, која е закажана по завршувањето на 26-та на која е останати измените и дополнувањата на законот за пензиско по скратена постапка.

Доколку власта успее да собере кворум овојпат можеби и ќе бидат избрани потпретседателите на Собранието, кои на седницата на која требаше да почне амандманската расправа беа тргнати од дневен ред од мнозинството, откако опозицијата протестираше за точката која како што рекоа во „5-до 12“ е ставена на дневен ред без да тие воопшто и да бидат предупредени. За Ременски, Мисовски и Мемеди тогаш според информациите на ТВ 24 беа подготвени и свечените заклетви за потпишување.

На седницата е и предлогот на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски за објавување на оглас за нова ДИК, како и повеќе ратификации, но и повеќе измени на закони по скратена постапка. На седницата се и дел од реформските закони,како тој за укажувачи.

Законот за јазици и понатаму е на „стенд-бај“ како и дел од реформските закони. Според информациите за нив се чека политички договор. Како што објави ТВ 24 допломатски извори очекуваат дека за овие точки мора да има лидерско седнување на маса, а токму во таа насока ја толкуваат најавената средба меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Неофицијално  позициите на мнозинството се  да отфрли значителен број на амандмани како неделовнички,додека пак опозицијата ова го толкува како „силување“ на Собранието. 

Собранието се става во функција по две недели пауза, за време на која пратениците беа растрчани по стански делегации, но и за време на која собрансикиот спикер со секојдневни контакти се обидуваше да најде решение за 35 569 амандмани на ВМРО ДПМНЕ за законот за јазици.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.