Утре во Скопје ќе дојде претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

26.04.2018 | 19:25
Прочитано: 1992

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер утре ќе бидат дел од процесот Брдо-Бриони кој ќе се оддржи во Скопје. Поради гостувањето на високите владини претставници, низ градот ќе има посебен сообраќаен режим со прв степен на безбедност.

Целиот настан ќе го следат 156 новинари од кои 116 од Македонија и 40 останатите држави.

Според агендата, Туск треба да се сретне со претседателот Иванов и со премерот Заев. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.