Утре координација за продолжение на конститутивната седница
20.03.2017 | 12:37
Прочитано: 6850
Координативната средба за закажување на продолжението на Конститутивната седница на Собранието на Македонија, согласно консултациите со претставници на парламентарните партии, треба да се одржи утре.
На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Македонија.
Post new comment