Утре ќе се гледаат снимките со Заев за случајот „Поткуп“

25.03.2018 | 18:01
Прочитано: 2558

На барање на премиерот Зоран Заев утре во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките за случајот „Поткуп“, според кои, тој се товари за барање и земање поткуп од  бизнисменот Иван Николов Сачевалиев додека бил градоначалник на Струмица. Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед.

На судското рочиште треба да сведочи бизнисменот Сачевалиев, кој до сега не се појавуваше на рочиштата за предметот.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција е против предлогот да се пуштат снимките во целост, бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.