Уште три дена до крајниот рок за поднесување на годишна даночна пријава во УЈП

12.03.2018 | 17:22
Прочитано: 2139

Течат последните рокови за поднесување годишни даночни пријави. Во трка со времето, шалтерите на Упрвата за јавни приходи се полни. Ретко кој обврската ја завршил по електронски пат. Најголем број од граѓаните тоа го прават лично на шалтер и во последен момент.

„Дури два пати се враќав за проверки, доправки и такви работи“,  Ќе биде ќе биде, брзо идеа шалтери има.“ За разлика од минатата година беа редици, ама се надеваме дека наредната година електронски ќе биде и нема да се создава ваква гужва и ваква обврска да имаме.

Граѓаните ги поздравуваат најавите за реформи во Управата за јавни приходи. На овој начин велат ќе имаат една обврска помалку.

„Самиот систем да биде така направен да си исфрла податоци за секој граѓанин, а неа ние да се малтретираме самите да ги носиме“

Според последните статистики на Управата за јавни приходи, вкупниот број на граѓани кои поднеле пријави е повеќе од 260 илјади. Скоро уште толку, се очекува тоа допрва да го направат.

Граѓаните односно сите даночните обврзници ќе мора лично да пополнуваат годишни даночни пријави уште оваа година. Веќе од наредната година според најавените реформи, тоа ќе го прави самата УЈП.

Рокот истекува на 15-ти март. Обврска да поднесат даночни пријави имаат сите физички лица, кои во текот на минатата година, освен плата или пензија оствариле други приходи, а казните изнесуваат од 100 до 200 евра.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.