Уште еден напад во Виена

13.03.2018 | 11:07
Прочитано: 1524

Државјанин на Авганистан утрово нападна член на обезбедувањето на австрискиот Парламент.

Напаѓачот се обидел да го извлече од автомобилот членот на обезбедувањето, но тој се одбранил со тоа што употребил бибер спреј.

Инцидентот се случи само еден ден  откако државјанин на Австрија со египетско потекло со нож го нападна војникот што ја обезбедуваше резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена.

На седми март Авганистанецот Џафар С. (23) со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена. Тој во затвор се обиде да се самоубие, но беше спречен од затворските чувари.

За време на сослушувањето Џафар С. изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.