УЈП сака да знае колку точно должат јавните претпријатија

12.03.2018 | 17:21
Прочитано: 1405

ЈП Македонија пат, МРТ, Македонска железница и други јавни претпријатија и една приватна фирма кои имаат милионски долгови за непалатени даноци, ги снема од најновата листа на должници на Управата за јавни приходи. На листат и понатаму е ЈП Македонски шуми со долг од околу 225 илјади евра.

Од УЈП објаснуваат дека не станува збор за простување и бришење на должниците, туку за привремено тргање од листата на дел од даночните обврзници поради прецизно утврдување на долгот.

„Во последната листа на должници не беа вклучени даночните обврзници ЈП Македонија пат, ЈП Македонска Радиотелевизија ЈП МЖ Инфраструктура , ЈП Македоска радио телевизија и ДОО Трансмет. Истите ќе бидат објавени по извршените дополнителни проверки и исправка на податоците.“

Од ЈП Македонија пат и од МРТ не знаат зошто ги нема меѓу должниците, но и од двете јавни претпријатија во телефонски разговор посочуваат дека во изминатиот период упалтиле поголема сума од долгот кон УЈП, но и дека е постигнат договор за исплата на заостанатиот долг на рати.

Инаку според предпоследната листа на должници на УЈП објавена минатиот месец ЈП Македонија пат должи 4,6, а МРТ 2,1 милиони евра.

Инаку на последната црна листа на УЈП која се однесува за долгови доспеани до 30 ноември лани и не платени до крајот на февруари, има намалување кај бројот на должниците, но и во вкупниот долг. Бројот на должници е намлен за 390 и изнесува околу 4.000, а долгот заклучно со ноември е намален за 22 милиони евра.

Но и покрај зголемената наплата граѓаните и фирмите кон државата должат вкуно 157 милиони евра, по основ на даноци, акцизи, царини и придонеси.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.