Убиен еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ

16.01.2018 | 10:13
Прочитано: 4358

Непознат напаѓач утрово во Косовска Митровица го уби лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.

Според првичните информации, Ивановиќ бил застрелан од пиштол околу 8:15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија

Веднаш по нападот, 65-годишниот Ивановиќ е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митривица, каде е утврдено дека не покажува знаци на живот.

Во 1999 година Ивановиќ беше избран за претседател на Извршниот одбор на Српскиот национален совет за северно Косово, по што во 2001 година е именуван на шеф на Службата за економси развој при српскиот владин Координативен центар за Косово и Метохија.

Од 2008 до 2012 година беше државен секретра во српското Министерство за Косово и Метохија, по што ја формира партијата СДП.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.