У19: Македонија загуби од Летонија на стартот на квалификациите за ЕП 2018

21.03.2018 | 17:41
Прочитано: 1586

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години доживеа пораз од Летонија со 1:2 (0:1) на стартот од елитниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во Финска во 2018 година. Летонија ги искористи своите шанси и ја запиша првата победа, иако „црвено-жолтите“ го диктираа темпо во текот на целиот натпревар, но не успеаја да ги реализираат своите шанси.

Летонците поведоа со голот на Богданс  Самоиловс во 42-та минута, а во 56-тата истиот играч со одличен погодок од околу 20 метри ги доведе гостите до убедлива предност.
 
Во 88-та минута во шеснаесетникот на гостите беше срушен Елиф Елмас, а од белата точка прецизен беше Димитар Митровски за конечни 1:2.
 
Во вториот меч од квалификациската група 2, Англија со пресврт во вториот дел ја победи Унгарија со 4:1, откако на полувреме губеа со 0:1.  По првите дуели, Англија и Летонија имаат по три бода, а Македонија и Унгарија се без бод.

Во следното коло, Македонија на 24 март ќе се соочи со селекцијата на Унгарија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.