У17: Македонија убедливо поразена од Ирска

21.03.2018 | 23:06
Прочитано: 1148

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 17 години беше убедливо поразана од селекцијата на Ирска со 3:0 на стартот од квалификацискиот турнир за ЕП 2018 кој се игра во Полска. Ирците ги постигнаа головите во второто полувреме од натпреварот.

Резултатот беше отворен во 57-та минута од пенал, кој го реализираше Ајда. Само пет минути подоцна Бренан реализираше за 2:0, а точка на натпреварот стави Рајт во 69-тата минута од мечот.

Најдобрите две селекции од овие елитни квалификации ќе обезбедат пласман на ЕП во Англија, а Македонија по овој убедлив пораз за да остане во игра за успех ќе мора да запише победа против фаворитот Полска и против Грузија.

Грузија и Полска денеска одиграа нерешено 2:2 во вториот меч од групата. Па така Ирска е прва со 3 бода, Полска и Грузија имаат по еден, а Македонија е без бодови.

Младите фудбалери на Македонија следниот меч го играат во сабота со Полска од 17.30 часот.

 

На ЕП во Англија во мај годинава ќе се пласираат сите победници од осумтте групи и седум најдобро второпласирани репрезентации. Домаќинот има загарантиран настап на шампионатот, кој ќе се одржи од 4-ти до 20-ти мај. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.