ТВ 24 со емисијата „Патот до успехот“ доби „Златна бубамара на популарноста“

23.02.2018 | 11:27
Прочитано: 4053

Телевизија 24 со емисијата „Патот до успехот“ на новинарот Мишко Иванов доби „Златна бубамара на популарноста“ за ТВ проект на 2017 година.

„Патот до успехот“ започна да се емитува во 2013 година и од тогаш како соговорници на новинарот Иванов му биле многу познати имиња од земјата и странство од сите области кои имаат достигнато одреден личен и за општествен успех.

„Златна бубамара на популарноста“ синоќа во четиричасовно шоу под слоганот „За подобар живот“ ги награди оние што позитивно ја одбележаа 2017 година.

Награда за животно дело за 42-те години музичка дејност доби вокалниот ансамбл - октет „Македонија“ За трајни музички вредности - поп-дивата Маја Оџаклиевска, која рече наградата значи дека „не биле јалови 47 години на сцената“. За трајни вредности доби и групата „Нови фосили“..


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.