Туск во Скопје на 27 април

20.04.2018 | 19:50
Прочитано: 817

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, следниот петок ќе престојува во посета на земјава. Како што стои во соопштението од европскиот совет, Туск заминува на балканска турнеја меѓу 24 и 27 април, за време на која ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши во Скопје на самитот Брдо-Бриони на 27 април.

 

Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западниот Балкан како и на Словенија и Хрватска за, како што се вели во соопштението, да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и регионалните спорови. За време на посетата на Македонија, Туск ќе се сретне со премиерот Зоран Заев по која ќе одржат заедничка прес конференција. Туск ќе присуствува и на неформалната вечера со претседателот Ѓорѓе Иванов. Целта на турнејата на Туск е и да се подготви претстојниот самит за Западниот Балкан во Софија на 17 мај.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.