Турски театар ќе ја отвори сезоната со „Кралот Лир“ од Шекспир

16.09.2018 | 12:16
Прочитано: 1240

Националната установа Турски театар утревечер ќе ја отвори сезоната со изведба на претставата „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Драматургија, изборот на музиката и дизајнот на светлото за претставата е на Диего Де Бреа, сценографијата и кореографијата на Благој Мицевски, преводот на Оздемир Нутку, а асистент на режија е Сибел Абдиу.

Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Осман Али, Несрин Таир, Ерман Шабан, Зубејде Али и Ебру Мусли.

Кралот Лир го истражува човечкото патување во темнините и бездните на смртта. Симнувањето е полно со човечки страв, несигурност и немоќ.

Оваа претстава Турскиот театар првпат ја изведе на годишнашното 53. издание на Театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп. На фестивалот награда за режија токму за оваа претстава ја доби Диего Де Бреа, а награда за млада актерка и припадна на Ебру Мусли за улогата на Корделија. Театарот доби и специјална награда за современ актерски израз и иновативен пристап кон светската класика.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.