Трпески: Ниту сум изготвил, ниту сум потпишал ниту едно решение за унапредување на било кој државен службеник!

11.10.2018 | 15:20
Прочитано: 5168

„Би сакал во целост да ги демантирам наводите изнесени во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи за поднесена кривична пријава против мене, и истите тие наводи со кои се алудира на некакво си противправно дејство од моја страна да ги оценам како неточни и невистинити. Најодговорно потврдувам дека ниту сум изготвил ниту сум потпишал ниту едно решение за унапредување на било кој државен службеник вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, во перидот додека ја обавував функцијата директор на Агенцијата за катастар на недвижности“, напиша денеска како одговор на обвинувањата поранешниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Тој напоменува дека „Донесување на решенија за распоредување на државни службеници врз основа на Законска обврска за усогласување со новиот Закон за административни службеници за кои се обезбедени согласности од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за рамковен договор, најнеспособниот директор во историјата на катастарот го пријавува како кривично дело за кое денес 11. Октомври државен празник Министерството поднесува кривична пријава против мене“.
           
„Дека се работи за политичка хајка доволно е само да Ве информирам дека денес од вас медиумите дознав за оваа кривична пријава, односно воопшто во изминатиов период Министерството за внатрешни работи од мене не побара никакви изјави, документација или појаснувања за предметот кој го воделе. Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот Катастар како и општата пост референдумска состоба во Републиката. Во ситуација кога актуелниот директор на Катастарот, Борис Тунџев спротивно на Законот за администрација унапреди повеќе од 50 раководни службеници, го растури целиот професионален менаџерски тим обучуван од шведскиот и холандскиот Катастар, а кој тим го донесе катастарот да биде најдобар во регионот и 17. во свет, а ИТ сектор комплетно го распушти со што го доведува во прашање електронскиот Катастар, а со тоа и сопственоста на граѓаните и хипотеките на банките, директор кој истовремено е и судски вештак и го крши како Законот за катастар на недвижности, Законот за избрани и именувани лица, Законот за спречување на судир на интереси и уште којзнае колку други закони, директор кој спротивно на Законот ослободува граѓани и приватни фирми од плаќање на надоместоци на Катастар и директно го оштетува Буџетот, директор кој распиша тендер во висина од 260.000 евра за Адресен ресистар со услови што ги исполнува само неговата фирма и фирмите на неговите бизнис партнери, а со барање да се собираат податоци за општина Кисела Вода, податоци кои веќе се собрани и обработени со претходен тендер, како и за уште многу други кривични дела за кои во деновиве што следат ќе поднесам кривични пријави до Јавното обвинителство, СДСМ одлучи да прави политички прогон против лица докажани во својата струка и барани од светски меѓународни организации без ниту еден доказ, се со цел да се оттргне вниманието од актуелната политичка ситуација во земјата“ - вели Славче Трпески.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.