Тричковски стана „ноќен кошмар“ за Штурм

16.08.2018 | 19:52
Прочитано: 1718

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски постигна „хет-трик“ за АЕК Ларнака во реванш дуелот од третото квалификациско коло за Лига Европа против австриски Штурм во кој неговиот тим победи со 5:0.
 
Напаѓачот беше прецизен во 8-та, 67-та и во 80-тата минута за тимот од Кипар и со тоа обезбедија пласман во плеј-оф рундата за место во групната фаза од Лига Европа.
 
На првиот дуел во Австрија тимот од Кипар победи со 2:0, a и тогаш еден од головите беше дело на репрезентативецот на Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.