Три месеци судскиот совет не кажува дали ќе го разрешува претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски

14.03.2018 | 18:55
Прочитано: 1151

Три месеци судскиот совет не открива како ќе постапува по претставките за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и неговите колеги кои го ослободија Сеад Кочан од притвор. Претседателот на советот, Зоран Караџовски ја најави денешната седница со старите објаснувања, генерално без да открие во која фаза е стигнат овој предмет и дали констатирале дека има основа за разрешување.

„Согласно со законот на судови доверлив е карактерот на сите предмети за кои се води постапка. Нема ни да негирам, ни да потврдам  за кои предмети кои ги споменувате се  водите постапка и до каде е. Мора да го почитувам законот и не можам да одговорам. Вангеловски не може да биде присутен ако е во работа предмет каде што е поднесено барање за негова одговорност.“ - вели Зоран Караџовски.

Членовите ќе заседаваат и во понеделник по овие точки, денешната седница била прекината поради преобемна работа, велат од таму. Зад затворени врати ќе се расправа и за злоупотребите на АКМИС системот. Прашан, дали Советот штити некои судии па ја затвора седницата за да заседава по извештај кој веќе е и јавно објавен и нема тајни информации, Караџовски негираше.

„Ниту јас, ниту останатите од членовите некого штитиме. Тој што има аномалија во работата, ќе се види на крајот. Дискуцијата беше од еден член на советот за вионредно оценување, дали се согласуваме останатите тоа е друго прашање. Со тоа предлогот е практичен, иако е декларифициран тој извештај на Министерството за правда, секако дека нема да останеме на тоа само да го прочитаме на она што веќе сите го знаете. Знатее дкеа таму има само општи насоки дека има некакви неправилности.“ - вели Караџовски.

Поголем дел од точките на денешната седница ги следеше и претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, кој е член во Советот по функција. Нашиот објектив го регистрираше неговото присуство, но и моментите кога изгледа дека за малку ќе заспие.

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.