Тренерски смени во Победа и Шкупи

13.03.2018 | 19:00
Прочитано: 1086

Слободан Крчмариќ е нов тренер на Победа, откако досегашниот, Славољуб Бубања си замина по само пет натпревари. Бубања дојде во зимскиот преоден рок, но поради здравствени причини морал да си оди. Крчмаревиќ доаѓа со мисија да ја задржи Победа во Прва лига, а зад себе има богато си-ви, во кое предничи селекторската функција на репрезентацијата на Србија до 21 година и настапот на Еевропско првенство со неа. Победа има 22 бода на осмото место, кое носи бараж, со три бода зад Ренова и еден повеќе од Пелситер.

Нов тренер ќе бара и Шкупи, откако спогодбено се разделија со Ардијан Нухиу. Чаирчани освоија шест бода и само еднаш победија во петте кола од пролетната полусезона и сметаат дека тоа е премалку за нивниот засилен тим. Новиот тренер, кој ќе биде наскоро обзнанен ќе има мисија да го пласира тимот во европските купови. Шкупи засега е четврти, со еден бод повеќе од Работнички.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.