Трансплантација на коскена срж од несродни дарители

17.05.2018 | 17:36
Прочитано: 1579

Пациентите со хематолошки заболувања, на кои им е потребна трансплатација на матични клетки од несроден дарител, наместо да се испраќаат во странство како досега, ќе се лекуваат на клиниката за хематологија. Трансплантацијата ќе ја вршат македонски лекари кои претходно биле едуцирани во Германија, Словенија и Америка. Првата трансплантација се очекува да се случи во септември. Во моментов има петмина пациенти кои се потенцијални кандидат за овој тип на пресадување на коскена срцевина.

„Најсофистицираната метода во современата медицина ќе започне да се спроведува на нашата клиника. Нема веќе да има потреба да одат надвор пациентите. Ќе бидат тука со своето семејство, нема парите да им се одлеваат, ќе бидат лекувани по најсовремени протоколи по европски стандарди и услови за спроведување на трансплантација “, вели Д-р Ирина Пановска Ставридис – Директорка на Клиника за хематологија

Минатата година двесет и пет пациенти биле испратени во странство. Една трансплантација чини од 150 до 200 000 евра. Според министерот Филипче, воведувањето на оваа метода на Клиниката за хематологија ќе овозможи сериозни заштеди во буџетот.

„Планираме сериозни заштеди на буџетот, околу 75 отство од парите кои сега ги плаќаме за лекување во странство. Тие пари ќе ги вложиме во нашиот здравствен систем, во имплементирање на нови лекови на позитивната листа и секако во зголемување на платите и сумите за дежурства на лекарите и медицинските сестри“, вели Венко Филипче – Министер за здравство

Првата трансплантација на матични клетки од сроден донор во Македонија е направена во 2000-та година. За 17 години на клиниката за хематологија реализирани се вкупно 440 трансплантации.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.