Трамп верува во НАТО, но сојузниците мора да ги исполнат обврските

12.07.2018 | 17:05
Прочитано: 469

Верувам во НАТО, но сојузниците мора да ги исполнат обврските, порача денеска од брисел американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп вели дека вашингтон ќе остане посветен на НАТО но и дека очекува сојузниците да ги исполнат своите обврски кон Алијансата.

По завршувањето на самитот, претседателот на САД изјави и дека сојузниците  ветиле дека ќе  потрошат повеќе од два отсто од нивниот БДП на буџетите за одбраната и дека „ќе биде многу несреќен ако не го исполнат тоа“.

„Вчера им кажав дека сум многу незадоволен од она што се случува и дека мора да го зголемат трошењето на војска. Сега сум задоволен и НАТО е посилен отколку пред два дена. Мислам дека не е потребно САД да излезат од НАТО, бидејќи членките се согласија да ги зголемат трошењата. Сите ми се заблагодарија за тоа, на средбата имаше добра атмосфера.“ - изјави Трамп.

Во 2014 година, членките на НАТО се договорија да ги зголемат своите воени буџети до 2024 година, но Трамп инсистираше ова да се случи многу порано, барајќи од нив за тоа да издвојуваат четири отсто од бруто домашниот производ.

Во однос на тоа дали сојузниците во алијансата биле загрижени поради неговите индиректни закани за напуштање на сојузот, Трамп соопшти дека веројатно постоела загриженост, но сепак нема потреба САД да излезат од НАТО, бидејќи членките се согласија да издвојуваат и до 40 милијарди долари.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак изјави дека сите членки на НАТО остануваат посветени на Алијансата. Меркел изјави дека за време на состанокот, американскиот претседател Доналд Трамп повторно го покренал прашањето за распределба на финансискиот товар меѓу членките на НАТО и напомена дека добил уверување дека тоа ќе бид исполнето. Меркел истакна дека Германија е втора по ред земја, кога станува збор за придонесот по бројот на војници во НАТО.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.