Трамп се закани, повеќе пари за војските на НАТО или САД го напуштаат Сојузот

12.07.2018 | 13:38
Прочитано: 3213

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска на самитот на НАТО во Брисел, се закани дека САД ќе се повлече од Сојузот, доколку останатите членки не ја зголемат својата потрошувачка на одбрана, односно на војската.

Трамп изјави дека сите членки на НАТО мораат до 2019 година да ги зголемат своите трошоци за одбрана до 2 проценти од националниот БДП.

Ако членките до следната година не ја остварат таа цел, Америка ќе мора да тргне по својот пат, рекол Трамп на состанокот со лидерите на земјите членки, објави агенцијата ДПА.

Ова е сфатено како директна закана, дека САД би можеле да го напуштат НАТО, со што би се демонтирал воено-политичкиот сојуз, кој ги одредуваше односите во светот по Втората светска војна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.