Трамп: Разговарам со Северна Кореја, можен самит на 12-ти јуни

25.05.2018 | 18:21
Прочитано: 1409

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Америка разговара со Северна Кореја и додаде оти иако беше откажан самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, сепак, и натаму е можно тој да се одржи на 12-ти јуни во Сингапур.

Тој на новинарите им порача дека „сите играат игри", и одговарајќи на прашање за самитот, првиот човек на САД рече оти ќе почека да види што ќе се случи и дека првичниот датум и натаму е во игра.

Трамп им се обрати на новинарите пред поаѓањето на церемонијата на Морнаричката академија, истакнувајќи дека двете страни сакаат самитот да се случи.

- Тие сакаат да го сторат тоа, ние сакаме да го направиме тоа, рече Трамп.

Трамп вчера го откажа самитот со Ким, меѓутоа, ја остави можноста тој,сепак, да се случи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.