Трамп ќе бара смртна казна за дилерите на дрога

19.03.2018 | 09:20
Прочитано: 619

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави план за борба против кризата од зависност од опијати/опиоиди, што вклучува и барање за смртна казна за дилери на дрога.

Тој го повика Конгресот на САД да ги заостри законските мерки со кои се одредува казна за шверцерите со дрога, информираат од Белата куќа.

Со тој план Белата куќа ќе се обиде да го намали добивањето на рецепти за употребата на опијати/опиоиди за една  третина во наредните три години, со тоа што ќе ја промовира праксата за намалување на претераното препишување опијати/опиоиди во сојузната програма за здравствена нега, изјавија официјални лица на брифинг за новинари.

Трамп ќе ги претстави своите предлози на настан во сојузната држава Њу Хемпшир, која е тешко погодена од „опиоидна епидемија“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.