Трамп го претстави буџетот за 2019 вреден 4.400 милијарди долари

13.02.2018 | 09:41
Прочитано: 588

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави буџетот во износ од 4.400 милијарди  долари за 2019 година, предвидувајќи буџетски дефицит од 984 милијарди долари.

Американски медиуми сметаат дека, сепак, дефицитот ќе биде поголем по минатонеделниот буџетски договор и издвоените 90 милијарди долари наменети за ублажување на ефектите од природните катастрофи.

Предлог- буџетот на Трамп вклучува и околу 1.500 милијарди долари за реконструкција на патишта, автопати, пристаништа и аеродроми за период од 10 години.американскиот претседател во неколку наврати рече дека државните патишта и автопатишта кои „се распаѓаат“ ја кочат американската  економија во нејзините напори да го оствари својот целосен потенцијал.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.