Традиционална манифестација во Охрид за денот на рибарите

20.01.2018 | 17:27
Прочитано: 2549

Со подготвување на традиционалната рибина чорба охридските рибари го прославија празникот Свети Јован Крстител кој официјално го означи крајот на  забраната за риболов на езерото после зимскиот мрест. И  оваа година по традиција на локалитетот Сараиште во стариот дел на градот ветераните се капеа во осветеното езеро и пливаа по неколкуте буриња со вино.Но најпрвин во водата влегоа другарите од тајфата на фаќачот на чесниот крст.Потоа се јадеше од топлата рибина чорба од 1 тон која овозможи околу 2000 порции.Цело утро макотрпно ја подготвуваа 10ина ученици и  двајца професионални готвачи.

„Употребивме околу 400 килограми риба и други продукти кои се потребни за подготовка на чорбата. Овае испробан рецепт“, вели Марјан Радески - професор Факултет за туризам  

Рибината чорба освен за многубројните присутни кои ја чествуваат охридската традиција овозможи и топол оброк за лицата од социјален ризик.

„Дел од рибината чорба ја дистрибуираме до луѓето кои не можат да дојдат, тоа се лица од социјален ризик, изнемоштени и кои живеат во рурални средини. Дел од чорбата ќе заврши во институции каде е потребно. “, вели Сашо Точков - претседател на ОО Црвен Крст Охрид

И оваа година општината како организатор на манифестацијата која е вистинска атракција  приреди врвна забава за присутните.Прославата на празникот ја проследија голем број гости кои со топла ракија, чашка вино, пивтија и охридски плашици наздравија и си посакаа успешен старт на новата риболовна сезона.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.