Том Хенкс е најдобар актер на сите времиња

13.01.2018 | 15:25
Прочитано: 1649

Том Хенкс е најдобар актер на сите времиња, покажа анкетата на сајтот Ранкер, за кого гласале 1,1 милион луѓе.

Хенкс, кој се прослави со филмовите „Форест Гамп“, „Спасувањето на војникот Рајан“, „Филаделфија“ и други, го доби ова признание и се најде пред Бет Дејвис и Марлон Брандо, кои се на второ и трето место меѓу 10-те најдобри на сите времиња.

Следуваат Џејмс Стјуарт, Кетрин Хепберн, Роберт Де Ниро, Џек Николасон, а последните тројца на листата се Морган Фриман, Ентони Хопкинс и Дастин Хофман.

Ранкер е американска интернет страница која спроведува анкети од светот на забавата, спортот и културата. Месечно го посетуваат повеќе од 49 милиони луѓе.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.