Тимоние и Бертончини: Бидете решение, а не проблем за да станете дел од ЕУ

15.05.2018 | 17:19
Прочитано: 866

Македонија е дел од француската перспектива за ЕУ но мора да покажете дека сте решение а не проблем за да го заслужи местото во Европското семејство. Ова е пораката која ја испратија амбасадорот на Франција во Р. Македониј, Тимоние и претседателот на Европското движење во Франција Ив Бертончини на собраниската комисија на која единствена точка на дневен ред беше токму француската перспектива за ЕУ.

Изнесувајќи ги тезите за поддршка на земјава  потсетија дека иако во Франција е надмината еврофобијата сепак постои евроскептицизмот кога е во прашање проширувањето на унијата кое треба секоја земја да го заслужи.

„Македонија е веќе европска во срцето, но заеднички да го подготвиме патот да стане членка од ЕУ, без разлика на тешкотиите на тој пат, Франција отсекогаш била со Македонија.“ - изјави Кристијан Тимоние Амбасадор на Францијаво Македонија.

„Во Франција, Еврофобијата беше победена, а евроскептицизмот постои, на одреден начин кога претседателот Макрон вели дека сака да ја обнови Европа тоа е она што сака да каже дека Европа не е им одговара на Французите.“ - изјави Ив Бертончинин Европско движење Франција.

Ставовите на францускиот амбасадор Тимоние придружуван од Бертончини развија дебата и кај пратениците од законодавниот дом. Претседателот на комисијата Груби пак потсети дека земјава ги има надминато прашањата поврзани со реформите но останува спорот со името - став кој го изнесоа и пратениците од парламентарното мнозинство но со оптимизам дека ќе се надмине. Пратениците пак од парламентарното мнозинство  упатија и прашања до високите француски претставници дали евентуалниот влез на Македонија ќе значи и нејзино жртвување за важните прашања.

„Македонија ги исполни сите услови преостанува уште привршување на разговорите за надминување на разликата за името.“ - изјави Артан Груби Претседател на Собраниската комисија за ЕУ прашања.

„Нашата земја можеби ќе биде жртва на политиките на земјата во ЕУ, кои имаат носталгија и итенденција кон малата Европа.“ - изјави Жаклина Пешевска ВМРО-ДПМНЕ.

„Драгоцена е поддршката и значи вистинско пријателско охрабрување на патот кон ЕУ.“ - изјави Лидија Тасевска СДСМ.

Иако ставот на Франција веќе е познат дека ЕУ треба да се фокусира најпрвин на внатрешните реформи пред  да добие нови членки, сепак високите претставници порачаа дека ја подржуваат Македонија во нејзините евроинтеграции и посакаа успех на престојниот самит во Софија. Нивната проценка е дека земјуите од Западен балкан се многу поприоритетни за унијата отколку Турција за која во ЕУ веќе подолго време воопшто не се дискутира.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.