Тилерсон: Труењето на рускиот шпион во Велика Британија доаѓа од Русија

13.03.2018 | 09:26
Прочитано: 519

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија „јасно доаѓа од Русија“ и оти „сигурно ќе предизвика одговор“, но не прецизираше каков.

Тој рече дека не знае дали руската Влада знаела за труењето, но оти отровот не можел да потекне од ниту едно друго место.

Според него, супстанцата е позната во САД, но не е широко распространета.

Британската премиерка Тереза Меј  вчера во британскиот Парламент изјави дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за труењето со нервен агенс на Скрипал и неговата ќерка. Меј нагласи дека Британија во врска со тој случај е подготвена да преземе далеку посеризони мерки кон Русија отколку порано.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.