Тилерсон: САД ќе останат во Ирак до целосно уништување на заканата од ИД

14.02.2018 | 09:21
Прочитано: 457

САД ќе го задржат своето воено присуство во Ирак се додека не биде целосно отстранета заканата од страна на терористите од групата Исламска држава, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Тилерсон, кој е на турнеја низ неколку земји од Блискиот Исток, додаде дека главната цел на САД во Сирија е целосно уништување на ИД, но Вашингтон исто така не сака да дозволи конфликт меѓу другите сили на територијата на земјата.

САД не сакаат продолжување на граѓанската војна во Сирија. Затоа, присуството на Соединетите американски држави треба да стане стабилизирачки фактор кој ќе придонесе за женевскиот преговарачки процес кој е под покровителство на обединетите нации.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.