Тевдовски предложи 18 отсто данок за приходи над 1.000 евра, Анѓушев сака повисок праг

28.03.2018 | 17:19
Прочитано: 6078

Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев и министерот за финансии имаат различни мислења за тоа на која сума треба да се воведе прогресивно оданочување што ќе стартува следната година. За Тевдовски прифатливо е лицата кои заработуваат над 1.000 евра месечно  да плаќаат повисок данок за секој денар што ќе го заработат над оваа сума. Според податоците на министерството, само 2% од населението заработува месечно над 1.000 евра.

Анѓушев пак смета дека прагот треба да биде повисок.

„Мислам дека треба да биде повисок прагот. Не сме завзеле сеуште став и тоа треба да се проанализаира. Да се види тој праг треба да го дадат математичките параметри, да видиме колку ефектот од таа работа ќе биде добар.“ - вели Кочо Аѓушев, вицепремиер.

„Најлошо е сите сите исто да мислиме, тоа нема да не донесе до никаде, туку преку едно почитување и ние и Македонија ќе одиме напред.“ - вели Драган Тевдовски, министер за финансии.

И покрај разидувањето и двајцата фукнционери уверуваа дека имаат одлична соработка. Тевдовски рече дека Анѓушев со своето знаење и искуство е огромна додадена вредност во Владата. Вицепремиерот пак е задоволен што поминало времето кога во Владата мислеле сите исто. 

На економскиот форум организиран од Фајнанс тинк, и политичарите и претставаниците на Светска Банка и ММФ се согласија дека има надеж за македонската економија, а затоа е важно политиката да ги тргне рацете од бизнисот. Светска банка побара од Владата да создаде еднакви услови за работа за сите.

„Перцепцијата во Македонија е дека за да се успее најважниот фактор се политичките врски и ова е уште еден начин на кој се гледа истата работа. Треба да го преместиме фокусот оттаму на вештините и капацитетите како најважен фактор за упех и за ова се важни силни институции.“ - изјави Марко Мантованели, Светска Банка.

Странците ја пофалија транспарентноста на Владата. Но препорачаа да работи повеќе на намалување на сивата економија и на невработеноста. И на да ја направаат администрацијата поефикасна.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.