Тевдовски: Нема ребаланс на буџетот

20.06.2018 | 17:38
Прочитано: 1741

Министерството за финансии не работи на прекројување на државната каса, но сепак анализира што ќе прави со Буџетот во наредниот период. Наспроти најавите на премиерот и на дел од министрите, дека е можен ребаланс на средината на годината, министерот за финасии Тевдовски вели дека ребаланс нема да има зашто приходите се сообираат согласно проектираното за 2018 година.

„Во Македонија до сега, скоро секогаш, имало ребаланс на буџетот и главно ребалансите се правеле, бидејќи претходната страна не може да ги поддржи трошењата. Ние во моментов имаме одлична реализација на приходите. Во моментов не работиме на ребаланс, но правиме анализи а да видиме во следниот период што би било потребно да се направи“, вели Драган Тевдовски, министер за финасии

Според Тевдовски, освен со минималната реализиација на капиталните инвестиции сите останати економски пазарметри во првиот квартал се позитивни, вклучувајќи ги и извозот и странските инвестиции. Министерот вели дека во вториот квартал годинава, статистиките покажуваат и сериозен раст во градежништвото.

Домашните компании изминатиот период беа воздржани од инвестиции поради политичката состојба, што е и еден од негативните показатели во завршната сметка на Буџетот за минатата година.

Според извештајот што го усвои Владата, бруто инвестициите лани имале пад од 4,5 проценти. Тевдовски вели дека ваквата состојба ќе се подобри со поволни кредитни линии за поддршка на стопанството. Дополнително позитивно на економскиот раст кој е проектиран на 3,2 отсто, треба да влијае и еветуалното членство на Македонија во НАТО. Искуството од соседните земји кои станаа членки покажува дека за краток период растот им се дуплирал и драстично се зголемиле странските инветсиции. 


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.