Тевдовски: ЕК ги цени работите што ги направивме во фискалната транспарентност

26.05.2018 | 16:53
Прочитано: 1144

Реформските напори што ги прави Македонија во фискалната сфера биле тема на разговор на денешната средба во Брисел меѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и еврокомесарот задолжен финансии и даноци, Пјер Московиси.

ЕК, додаде, е задоволна од повеќе мерки што ги носи Македонија како објавувањето на граѓански буџети при создавање ребаланс на буџетот и податоци кои не и биле достапни на јавноста порано, како што е извршувањето на буџетот на различни нивоа, од централна власт до општини. Од Брисел е поздравена и обврската за сите во системот да се објавуваат договорите на платформата за јавни набавки во целост.

Остануваат, посочи, уште реформи на европскиот пат за Македонија. Од кабинетот на Московиси по средбата кусо изјавија дека ова било „прилика за размена на гледишта за економските перспектива на поранешната југословенска Република Македонија и напредокот во имплементацијата на нејзината економска реформска програма“, без повеќе детали.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.