Теодоракис: Владата по Велигден ќе донесе предлози во грчкиот Парламент за Скопје

14.03.2018 | 12:05
Прочитано: 572

Намерата на Владата е во разговорите што ќе се одржат да стигне до некои предлози кои по Велигден ќе дојдат во грчкиот Парламент, ова важи и за Албанија и за Скопје, вели лидерот на партијата Река за грчкото радио Скај, Ставрос Теодоракис, по средбата со грчкиот премиер.

Теодоракис во интервјуто говорел и за прашањето со името, повторувајќи ги позициите на неговата партија и на централно левичарската движење за промени во кое освен Река е и партијата ПАСОК.

Во однос на тоа дали би ја поддржале Владата во парламентот за евентуалниот договор, истакнал дека за да говори за тоа дали ќе гласаат позитивно или негативно, потребно е прво да го видат предлогот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.