Тензично во законодавниот дом

14.06.2018 | 17:23
Прочитано: 6836

Час и половина траеа обидите на собранискиот спикер Талат Џафери да обезбеди кворум за работа во законодавниот дом. Голем дел до пратениците на владејачкото мнозинство не беа во Собранието, додека тие од опозицијата иако беа во законодавниот дом, не влегоа во салата. Ситуацијата кулминираше кога Џафери им се налути на пратениците од власта бидејќи често излегуваат од салата.

„Нема да ги малтретирам сите пратеници кои се присутни и да укажувам дека пратениците треба да влезат, туку единечно ќе ги викат сите опние кои не се потпишани дека се дојдени во Собранието, а не влегуваат внатре за работа.“ - изјави Талат Џафери – Претседател на собранието на РМ.

Од опозицијата реагираа дека виновни за ситуацијата се пратениците од власта, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев побара и листинг од гласањата за да може да се спореди со потписите за присуство на пратениците.

„Граѓаните на Македонија заслужуваатда не се потценува нивната интелегенција. Ако ви се работи, работете.“ - изјави Драган Данев – координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство пак со контра обвинувања дека одговорноста за обезбедување на кворум пред граѓантие ја сносат и од ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев ја обвини опозицијата дека намерно не влегуваат во салата.

„Дали е одговорно толку пратеници од опозицијата да седат во ходникот или во клубот и да не влегуваат во салата. Каде е одговорноста кон нивните гласачи?“ - изјави Томислав Тунтев – координатор на пратеничка група на СДСМ.

Внимание во собранието привлече и изјавата на Ферид Мухиќ, кој од говорницата изрази протест од како што кажа, однесувањето на еврокомесарот Хан, кон претседателот Иванов. Пратеникот побара поддршка од колегите пратеници и рече дека не смее да се нарушува суверенитетот и достоинството.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.