Техничка грешка или промена на ставот на ССМ за старосната граница за пензии

12.02.2018 | 18:07
Прочитано: 6474

Дали службите во Сојузот на синдикати направиле техничка грешка или пак претседателот Дарко Димовски за само два дена го смени мислењето? Викендов ССМ објави дека дава поддршка за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, како можен  начин за спас на пензискиот фонд.

Но, само два дена подоцна Синдикатот ја избриша спорната реченица во соопштението на нивната веб страница.  Ваквиот став на синдикатот предизвика бурни реакции во јавноста а зачудени беа и претседателите на гранковите синдикати, членки на ССМ. Тие велат дека воопшто не разговарале на таква тема и дека е надвор од здрав памет синдикатот да прифати  работниците да одат во пензија подоцна.

„Синдикатот на УПОЗ се оградува од ставовите на ССМ. Изненадени сме од начинот на кој е издадено соопштението. За вакво прашање е потребна широка расправа во синдикатот за да се изгради заеднички став“ - велат од УПОЗ.

На сличен став се и неколку други синдикати кои ги контактирање на телевизија 24.  Претседателот Дарко Димовски не одговори на нашите повици. Преку смс порака одговорноста ја префрли кај стручните служби во Синдикатот кои направиле техничка грешка при пишувањето.

„Во  четвоток ќе излеземе со став после договорениот состанок. Мојот личен став веќе го имат кажано јавно. Барам укинување на членот од Законот за работни односи за зголемување на старосната граница“ - напиша меѓу другото Димовски.

Веста за поддршката на синдикатот за зголемување на старосната граница за пензионирање медиумите ја објавија во саботата. Димовски не ја демантирање.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.