Театарската претстава „Ајнштајновите соништа“

29.05.2018 | 17:44
Прочитано: 2188

Театарската претстава „Ајнштајновите соништа“ со безвремено инспиративна тема за теорија на релативноста, од големиот автор и физичар, Ален Лајтман, во режија на Слободан Унковски, вечерва, премиерно, одличните актери на Југословенското драмско позориште од Србија, двочасовно, имагинативно патуваат низ времето на големата сцена на Македонскиот народен театар.

Режисерот Слободан Унковски посочува дека поврзувањето на уметноста и науката во светот е тренд и дека авторот разните аспекти на времето ги пренесува на возбудлив и разбирлив јазик.

„Големо задоволство е после повеќе години Југословенското драмско позориште, повторно да гостува во Скопје. Вечерва и утре ќе ја гледате претставата „Ајнштановите соништа“. Тоа е едно патување, наше заедничко патување од Германија преку Америка низ разни времиња, низ времето кое може да биде кружно или да има тек како водата.“ - изјави Драган Миќановиќ, актер
 
Драматизацијата на претставата која ги истражува различните аспекти на времето е на Русомор Богдановски, а музиката е на Златко Ориѓански.

Новелата на американскиот физичар и писател, Ален Лајтман која е преведена на 40 јазици, има јасна стуктура, богата фантазија во која авторот ги открива соновите на Ајнштајн во време на создавањето на познатаата теорија на релативност.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.