Театар за деца и младинци - 20 години активно играње на претставата „Убавицата и ѕверот“

06.02.2018 | 21:06
Прочитано: 1726

Во Театарот за деца и младинци, вечерва се одржа свеченост во чест на 20 години активно играње на претставата „Убавицата и ѕверот“, во режија на Димитар Христов.

Од театарот велат дека „Убавицата“, која наскоро ќе се изведе по 350. пат, го држи рекордот на најиграна претстава во Македонија..ВО Фоајето беше поставена ретроспективна изложба за „Убавицата и ѕверот“, а се одбележаа и 20 години од вселувањето на ансамблот во актуелниот простор. Од Театарот велат дека оваа претстава играше и на многу други сцени во Македонија, но и на престижни меѓународни фестивали во странство.



The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.