Татко 18 дена чекал пред влезот на пештерата: Не си одам додека не излезат сите!

11.07.2018 | 10:49
Прочитано: 416

Таткото на малиот Акарат (14), едно од 12-те деца кои со денови беа заробени во пештерата во Тајланд, Адисак Вонгсукчан емотивно пред камерите, изјави дека цели 18 дена поминал пред влезот на пештерата чекајќи неговиот син повторно да ја види светлоста на денот. Тој вели дека бил загрижен за синот, што јаде, како живее, дали ќе успее да се спаси.

Таткото посочи дека им е благодарен на сите личности кои ги запознал за време на ова тешко искуство.

„Им ветив на другите родители, на тие што нивните деца не излегоа веднаш, дека ќе чекам со нив и ќе си одам кога ќе си одат и тие. Нема да ги напуштам иако мојот син излезе. Ќе минеме низ сè заедно“ - изјави тој по спасувањето на неговиот син.

Спасувачката мисија за извлекување на децата се одвиваше 3 дена и сега конечно сите се на безбедно. Момчињата и тренерот беа заглавени во пештерата од 23-ти минатиот месец.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.