Таравари ги отфрла обвинувањата дека локалната самоуправа гради без потребна документација

10.08.2018 | 14:15
Прочитано: 639

Општина Гостивар не овозможува градби без потребната документација, вели градоначалникот Арбен Таравари на обвинувањата од огранокот на ДУИ дека со акциите за рушење на дивоизградени објекти, ја сокрива вистината и го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти.

- За тој објект има записник  како и за неколку други кои надлежните инспекциски служби ги направиле и за нив се води постапка. Во Гостивар има четворица инженери и шестмина доктори со презиме Таравари, зарем треба да им забранам да работат. Доколку постои поврзаност или заеднички интерес на фирмите на моите роднини и локалната самоупарва треба веднаш да бидам пријавен кај надлежните институции - рече Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.