Таксистите од Штип бараат општината да воведе јавен градски превоз

16.01.2018 | 17:32
Прочитано: 2816

Штипските  таксисти бараат воведување на јавен градски превоз. Не се плашат дека ќе им биде конкуренција. Се жалат дека поради премногу работа губат дел од големите клиенти.

„Мора да се размислува за некој градски превоз.“ - вели Глигор Арсов, здружение „Такси 2003“.

Од општина Штип вели се разгледуваат неколку опции. За почеток се испитува колку се исплатливи некогашните линии што поврзуваа неколку рурални места околу Штип.

„Во моментовопштината работи на изготвување на финансиска рамка за обезбедување на јавен градски превоз и се разгледуваат можностите општината сама да го реализира овој проект, но и други можности.“ - вели Кристина Костова, општина Штип.

Во Штип е предвидено да има 250 лиценци за такси превоз. Бројот се намали минатата година поради затворање на дел од компаниите. Има и недостигаат од возачи кои се почесто заминуваат во странство. Поради тоа таксистите до општината ќе достават и нов предлог правилник со нови цени. Да ја намали нелојалната конкуренција деновиве сообраќниот инспектор заедно со инспектори за труд  лови диви таксисти низ Штип.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.