Таксистите на протест

12.07.2018 | 17:22
Прочитано: 1190

И покрај новата локација за такси возилата на Бит Пазар, таксистите бараат дозвола за неколку коли да паркираат на старото место пред влезот на пазарот.

Од вчера со дваесетина автомобили ја блокираат крстосницата кај судовите поради незадоволство од новите правила да чекаат патници на облежаните места, а се жалат и на паричните казни од сообраќајната полиција која веќе неколкумина од нив ги казнила поради застанување на старата локација. Велат дека немаат патници поради локацијата која е неколку метри од влезот на пазарот, дневната заработка не им била ниту приближно од достојна.

Од Град Скопје порачаа дека ова не е ново правило, туку претходно застанувале на непрописни места, а сега со уредување на тој дел од Бит Пазар им овозможиле простор за такси паркирање и побезбедно работење.

Одлуката за забраната пред влезот велат дека е донесена по консултација со граѓаните кои живеат и работат на таа локација, и немаат намера да ја променат. Таксистите пак не попуштаат, ќе протестирале секој ден од 12 до 17 часот се додека не им се одобри нивното барање.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.