Тахири: Приштина не доби барање од Белград во врска со истрагата за убиството на Ивановиќ

17.01.2018 | 09:55
Прочитано: 1001

Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека до сега Приштина не  примила никакво барање од Белград за вклучување на српски претставници во истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, додавајќи притоа дека воопшто нема ниту место за нешто такво.

Според Тахири, за истрагата на убиството надлежни се само косовските институции, додавајќи дека ниту ЕУЛЕКС до овој момент не соопштил дека добил такво барање.

Лидерот на партијата “Србија, демократија, правда“ , Оливер Ивановиќ беше застрелан вчера во Косовска Митровица. Во него било пукано додека влегувал во просториите на партијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.