Тачи: Меѓуетничките односи добри, но сепак загрижуваат малубројните инциденти

07.06.2018 | 09:35
Прочитано: 1080

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека Косово забележало виден напредок во градењето на добри меѓуетнички односи меѓу сите заедници на Косово, но дека „загрижуваат и оние малубројни етнички мотивирани инциденти“, кои се случија последниве денови, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својот официјален профил на Фејсбук вчера напиша дека „толеранцијата била, е и ќе остане доблест на косовското општество“ и порача дека така треба да биде и во деновите кога своите празници ги слават заедниците во Косово во текот на овој месец.

- Вознемирувачки се оние малубројни меѓуетнички инциденти кои се забележаа последниве денови. На таквото однесување треба веднаш да му застанеме на пат и да не дозволиме да стане прифатливо за нашето општество. Во месец јуни сите заедници во Косово слават и одбележуваат свои денови и датуми. Ова треба да се почитува од секого и да се осуди секој обид за попречување на нивното одбележување, порача Тачи.

Тој побара од надлежните иституции за ред и безбедност да посветат поголемо внимание и да ги преземат сите мерки за спречување на било каков инцидент при овие манифестации.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.