Светска банка одобри заем од 33,4 милиони долари за развој на социјални услуги во македонија

14.09.2018 | 11:45
Прочитано: 1648

 

 

Бордот на извршни директори на Светска банка денеска го одобри заемот во износ од 33,4 милиони долари наменет за натамошен развој на системот за социјална заштита и рано детско образование и грижа во Македонија.

 

Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се фокусира на решавање на предизвиците поврзани со социјалното исклучување на ранливите групи, како и слабиот квалитет и фрагментацијата на социјалните услугите и раното детско образование и грижа. Проектот ќе ја подобри подготвеноста за училиште, што е клучно за развој на животни вештини и за зајакнување на конкурентноста на економијата на долг рок, се посочува во соопштението од Светска банка.

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.