Сведок се онесвести додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковско езеро

12.06.2018 | 17:28
Прочитано: 2714

Единствените сведоци од масакрот кај Смилковското езеро после пет години повторно сведочеа во судот,  но со многу дупки во меморијата. За да објасни прецизно на која плажа ловеле риба тие, а каде биле убиените момчиња, судијата Осман Шабани му даде лист и пенкало за да го нацрта Смилковци и да објасни попрецизно. А како помош судијата Осман Шабани му ја покажа и локацијата на гугл мапата.

Сепак сведоците  добро се сеќаваат на нишанот од автоматската пушка која мистериозен човек во темна униформа го вперил кон нив. „Стој полиција, бегајте ќе ве убијам“ – им  викнал непознатиот човек, за кого тврдат дека или не го виделе добро во ликот или сега веќе не се сеќаваат на него.

„Откако не избрка човекот слушнавме пукање и се вративме назад кај езерото се криевме саат два, а кога конечно тргнавме дома, ги видевме телата легнати на земја.“ - изјави сведокот Ќемал Несим.

Од страв, не се приближиле до телата на момчињата, а не ни пријавиле во полиција, оти кога се вратиле дома настанот го виделе на телевизија. Но, овие сведоци се последните кои живи ги виделе децата кои на 12 април 2012-та ловеле риба и им побарале мамци во еден момент.

„Топа се единствените сведоци на овој настан, само не го виделе самиот настан, ги виделе и сторители и оид тоа се гледа дека ова не се сторителите.“  вели Насер Рауфи - адвокат.

Крај езерото имало темно возило а внатре човек, но од затемнетите стакла не можел да го види убаво, сведочеше Бајрам Мемедов. Истиот автомобил бил таму и кога дошле но и кога се враќале накај дома. Обвинителката Фатиме Фетаи неколку пати им посочуваше на сведоците дека денеска и пред пет години имале различни искази , за возилата, описот на вооружениот човек. Додека го испрашуваше  71 годишниот сведок Ахмет Бекир, се труполи и од судот беше изнесен со итна помош. Тој ќе треба да го повтори исказот на 25-ти месецов, заедно со уште неколку сведоци.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.