Супер старт на Федерер, успешно враќање на Ѓоковиќ, елиминација за Раониќ

16.01.2018 | 19:43
Прочитано: 1786

Роџер Федерер со триумф во првото коло ја почна одбраната на тронот во Мелбурн. Швајцарецот на свои 36 години во обидот по шестти пат да стане шампион на Австралија Опен стартуваше со импресивна игра и во три сета го совлада Аљаж Беден со 6-3, 6-4, 6-3. Во второто коло Федерер за противник го има Јан Ленард Штруф.

Успешно враќање по шестмесечна пауза имаше Новак Ѓоковиќ. Шесткратниот освојувач на отвореното првенство во Мелбурн, како 14-ти носител годинава лесно ја мина првата пречка, Доналд Јанг со 6-1, 6-2, 6-4. Следен противник на Ѓоковиќ е незгодниот французин Гаел Монфилс.

Успешно враќање имаше и швајцарецот Станислав Вавринка, кој во четири сета беше подобар од литванецот Беранкис. Од фаворитите со победа стартуваа уште и Бердих, Дел Потро, Гофин, Зверев, Тим и Фоњини, додека првото изненадување го приреди Лацко од Словачка, елиминирајќи го канаѓанецот Милош Раониќ со 3-1 во сетови.

Кај дамите, уште едно изненадување. По елиминациите на Венус Вилијамс и Стивенс, сега испадна и Петра Квитова. Тенисерката од Чешка загуби од германката Андреа Петковиќ со 2-1 во сетови по речиси три часа игра. Меѓу останатите од фаворитките место во следното коло обезбедија уште и Кербер, Шарапова, Мугуруза, Халеп, Плишкова и Радванска.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.