Судири во Ереван, полицијата демантира дека уапсила опозициски пратеници

22.04.2018 | 17:36
Прочитано: 805

Судири меѓу полицијата и антивладини демонстранти избувнаа денеска во ерменскиот главен град Ереван, при што се уапсени повеќе од 70 лица.

Претходно беше објавено дека меѓу уапсените се наоѓаат и тројцата опозициски пратеници кои се и организатори на протестите.

Од ерменската полиција соопштија дека пратениците биле биле отстранети од местото на протестот, со цел да се прекине незаконското собирање.

Протестите против поранешниот претседател Серж Саркисјан, кој беше избран за премиер откако му заврши максималниот рок од два мандата како шеф на државата, траат веќе деветти ден.

За време на неговото владеење тој го измени Уставот, менувајќи го уредувањето на земјата во парламентарна република, во која власта е во рацете на владата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.