Судењето за „Тарифа“ продолжи со сослушување сведоци

13.02.2018 | 12:07
Прочитано: 597

Со сослушување на сведокот Жарко Миленковски денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тарифа“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „Елем“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Фирмата на Миленковски учествувала како партнер во конзорциумот за набавка на софтверот за ЕРП системот за потребите на АД „Елем“. Сведокот рече дека неговата фирма требало да учествува во имплементација на модулот за менаџмент на документацијата на системот. 

Судењето што го води судијката Софче Гавриловска Ефремова денеска го следи претставник на амбасадата на САД. Дејан Бошковски и другите двајца обвинети се товарат за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Елем“, вреден околу четири милиони евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.