Судење за случајот „Тотал“

11.07.2018 | 17:49
Прочитано: 762

На денешното судско рочиште од процес кој се води прпотив Драган Павловиќ – Латас најмногу време беше потрошено на објавата на снимките од телефонски разговори, односно кои може, а кои не би требало да се користат против обвинетиот за даночно затајување.

Се започна со барање на Павловиќ и на неговите адвокатки во натамошниот тек од постапката да се користат исклучиво снимки кои што СДСМ му ги предаде на Специјалното јавно обвинителство, но не и снимки кои подоцна се појавуваа на социјалните мрежи.

Предлогот на Специјлната обвинителка Елизабета Јасифовска за преслушување на првото це-де, на кој имало 40 разговори, од нејзе беше условен со исклучување на разговорот заведен со број 11 , но одбраната на Латас побара да не се преслушуваат уште два пакета разговори со 11 снимки.                    

Првиот пакет оспорени разговори, според одбраната на Латас, се  однесува на негови разговори во кои обвинетиот изнесувал лични ставови за одредени личности, а се споменуваат и одредени деловни тајни. Вториот пакет разговори се однесува на разговори коишто ги имал Латас со адвокатката Надица Бадева.  

„По прашањето за исклчучување на јавноста од судење јас сум согласна зошто тоа е во насока на заштита на приватноста на обвинетиот. Инаку адвокатката Надица Бадева, во одреден период била управител на едно од правните лица и нема да кажам на кое, но ќе го проблематизирам прашањето околу тоа: дали адвокат може да биде управител во правно лице“. - вели Елизабета Јосифоска (СЈО).

И додека одбраната опстојува на ставот дека разговор со адвокат не може да се изведува и користи како доказ, СЈО остана на кажаното дека Надица Бадева не секогаш му била адвокатка на обвинетиот, туку дека раководела со фирмата „Тотал маркетинг“ и дека судот е тој којшто ќе треба да ја утврди улогата на споменатата и дали разговорите со неа можат да бидат употртебени на судењето.

Драган Павловиќ-Латас, како физичко лице, се товари за даночно затајување во висина од 121.000 евра, а птрејку неговите фирми уште 63.000 евра. Следното продолжение на судскиот процес наречен „Тотал“ е закажан за крајот на септември, а одреден е термин и за ноември.     


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.