Струмичките производители на зелка револтирани - на министерот Николовски му оставија рок до утре да најде време за средба

16.04.2018 | 17:28
Прочитано: 2549

Министерството за земјоделство да превземе мерки за да се ублажи катастрофалната состојба со откупот и пласманот на пролетната зелка од  струмичко.

Ова е барањето на  земјоделските здруженија  откако неколку дена произвдството рестриктивно се откупува и тоа по цена од 8 до 10 денари што е тројно помалку од пред десетина дена. Тие се плашат дека зелката годинава ќе им скапува по нивите и бараат средба со министерот.

„Министерот за земјоделство да најде времме за средба до утре со нас земјоделсците за да најдеме решение за оваа проблематика.“ - вели Ристо Велков – здружене Агро сојуз Василев.

 

„Треба да се предупреди министерството за сите неправилности и тоа да се среди.“ - Васе Митушев - земјоделец

 

Состојбата стана  алармантна откако се закочи извозот на зелка во источно европските држави. Здруженијата барат Владата да ги интензивира контактите со амбасадорите во државите  кои лани вршеа увоз.

„Цела Струмица чека од земјоделството, да не се правиме многу политичари, дајте да најдеме зелката да патува за Русија и да се отвори пазарот таму.“ - велиВанчио Митев – здружение Еко градинар Добрејци.

 

„Имаме амбасади, еве Израел како се промовираат нивните амбасади тука, каде е нашата амбасада?“ - вели Петре Бонев - земјоделец.

 

Министерот за земјоделство Николовски вели дека се работи на решавање на овој проблем.

„Јас сум претседател на македонско-руската владина комисија во овој момнент и ги правиме сите напори за да овозможиме тој процес. Во Москва разговаравме за царинските давачки кои ги има Македонија и влеговме во еден целокупен процес годинава за да овозможименови пласмани и тоа постојано го работиме.“ - вели Николовски.

Лани во овој период од струмичко биле извезени околу 45 илјади тони зелка но ова година преполовен е извозот на ова прозводство што предизвика да се закочи и откупот и пласманот за што реагираат со денови земјоделците.

 


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.